Шокантна снимка е објавена на социјалните мрежи на која се гледа како работничка во Мекдоналдс брутално претепува муштерика откако таа наводно побарала гратис сок. А кога не добила, започнала да се однесува агресивно.
Видеото од оваа дива кавга во познатиот американски ланец на брза храна е објавен на Фејсбук, но точното место и време на настанот не е познато.
“Ова се случи во Мекдоналдс. Госпоѓата бараше да и се наполни чашата со гратис сок, а работничката го затвори апаратот за сок и не сакаше да и наточи”, стои во описот на видеото на Фејсбук.