Мукоски им порача на СДСМ да престанат да лажат и наместо кукавички да се обидуваат да ја протнат Тиранската платформа да излезат со неа на нови избори па граѓаните нека кажат дали се за оваа платформа или не.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски во процедурална забелешка од собраниската говорница му посочи на Зоран Заев еднаш да собере храброст и да излезе пред македонската јавност и да признае дека ја прифатил Тиранската платформа.
Излези на оваа говорница и кажи пред македонската јавност има или нема платформа. Колегите од ДУИ кажуваат и тука ни ја читаат палтформата, а ти упорно ја лажеш јавноста дека не постои никаква платформа.
Мукоски исто така им порача на СДСМ да престанат да лажат и наместо кукавички да се обидуваат да ја протнат Тиранската платформа да излезат со неа на нови избори па граѓаните нека кажат дали се за оваа платформа или не.