Музички времеплов кој ќе изнуди емоции и воздишки: Неповторливиот Неша Галија оваа сабота со концерт во Симфонија во Прилеп

Подгответе се за вечер исполнета со емоции и носталгија, подгответе се за уживање во незаборавен музички настан

Вашиот омилен ресторан СИМФОНИЈА викендов ќе приреди уште едно доживување кое долго ќе се памети. На задоволство на огромен број генерации, повозрасни, но и млади, доаѓа неповторливиот Ненад Милосављевиќ – Неша Галија.

Човекот кој остави длабока трага во музичката историја на Балканот. Мелодичноста, поетските текстови и непогрешливата енергија на сцената се она што ги прави неговите концерти вистински музички доживувања.

Ова е ексклузивна можност да уживате во жив настап на еден од најуникатните гласови на поранешната југословенска рок сцена, чии песни и денес допираат до срцата на илјадници обожаватели. Токму од СИМФОНИЈА во Прилеп популарниот Неша ја започнува својата турнеја за 2025година, што е огромна чест и ветува дека концертот секако ќе има посебно значење.

Дојдете да уживаме и заедно да ги испееме најголемите хитови на “Галија”: “Дигни руку”, “Трубе”, “На твојим уснама”, “Још увек сањам”, “Котор”… и многу други.

Концертот е закажан за 21.јуни (сабота) со почеток од 20:30часот, локацијата на СИМФОНИЈА веќе добро ја знаете (на само 5км од Прилеп, во населеното место Ново Лагово), па ви останува уште навреме да си купите влезници и да си резервирате убава маса за вас и вашите најблиски.

Влезниците се по цена од 800 денари, а тимот на СИМФОНИЈА ве очекува да резервирате на телефонскиот број: 078 446 654

Дојдете заедно да се впуштиме во еден убав музички времеплов кој со сигурност ќе биде мелем за уши и душа.

*Напомена: Настанот е со седење, на претходно резервирана маса




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.