Музичкиот состав The Chicks го промовираа првиот спот направен со помош од Витаминка: Нешто ново, летно и убаво (ВИДЕО)

Женскиот музички состав The Chicks го промовира својот прв видео запис снимен со помош од Витаминка. Поддршката од Витаминка за младото музичко трио, значи навлегување на поп-рок музичката сцена и воопшто поддршка на македонската музичка продукција и нејзина популаризација особено кај младите.

Спотот е направен за песната „Ах тие очи“ што ветува да биде летен хит на девојките од Тhe Chicks, Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова, Моника Ѓорѓиева. Текстот за песната е авторство на трите девојки, а музиката и аранжманот се на Сашко Костов. Аудио продукцијата е потпишана од Дино Зуќиќ во студиото Dino’s Home Studio, а видео продукцијата е на Иво Иванов, Foto Video Studio Penta. Спотот што изобилува со импресивни летни пејзажи е сниман на локација на Велес и околината.

The Chicks се млад музички состав од Велес со доминантна женска енергија што внесува освежување на македонската музичка сцена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.