Македонската телевизија денеска ги покани на ТВ-дуел претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Според уредникот на Информативната програма на МТВ, Стојан Трпчевски, двајцата лидери би разговараче за прашањата поврзани со актуелната политичко-економска состојба во земјава.
ТВ-дуелот би се реализирал во Македонската телевизија, а терминот би се утврдил во координација со кабинетите на двајцата соговорници во зависност од нивните активности, се наведува од МТВ.
Мицкоски, синоќа, по завршувањето на седницата на партискиот Централен комитет, излезе со барање за ТВ дуел со премиерот Заев, на што веќе утринава Владата, преку портпаролот Миле Бошњаковски, експресно одговори дека дуелот е можен во секое време и на секое место.