Комисијата за одговорност од македонската радио телевизија денеска донела одлука дека нема ништо спорно во тоа Гарванлиев да ја претставува земјава на Евросонг.
Од таму велат дека боите од бугарското знаме во спотот биле само перцепција, а државјанството е лична слобода.
„Јавниот сервис нема право да дискредитира никого по основа на верски, национални или други определби и дека има целосна слобода да одреди за претставник пејач независно од неговото државјанство. Праксата покажала дека речиси на секој Евросонг има такви случаи“ велат од МТВ.