“Моќно видео и повик за протест во сабота пред Влада: Име, двојазичност, бугарски договор, економски крах….?!”

Со организирање на голем народен протест кој што ќе се случи на 2-ри Јуни (сабота) во 20 часот, пред Владата на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе испрати порака до актуелната власт дека и по помината една година доста е со неисполнети очекувања, нереализирани ветувања, комплетно разурната економија.

Од партијата ги повикуваат сите добронамерници сите оние обесправени, сите оние разочарани, сите оние излажани од страна на Зоран Заев и политичарите околу Заев, да им се придружат да застанат рамо до рамо со нив, во офанзива, во битка за пораз на како што велат ненародната Влада која што и се случува на Република Македонија.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.