Карате триото Маријана и Мишела Димоски и Кириана Камческа oдново се обединија и заедно тренираат за нови успеси.
Маријана и Мишела на почетокот од месец август ги освоија првите места во јуниорска и сениорска конкуренција на шампионатот на Австралија, а претходно освоија и четири медали на првенството на Океанија.
Сега им се приклучи и Кириана Камческа, девојката со која исто така имаат голем број успеси заедно, во периодот додека настапуваа за македонската репрезентација.
Трите девојки со сигурност ќе направат уште поголеми успеси, а зошто да не и да го покорат целиот свет.