Членовите на Унијата на млади сили од Прилеп испровоцирани од отстранувањето на македонското шеснаесеткрако сонце од површини ширум државата, денеска со голем број знамиња со сонцето од Кутлеш се фотографираа на Могилата на непобедените.
“МакедонецСум, ако си ја познавам историјата, ја негувам традицијата и имам неизмерна почит кон предците кои се бореле и ги положиле своите животи за слободна и независна Република Македонија”, порачаа од УМС Прилеп.