Моќна порака од Прилеп на Митрополитот Повардарски г. Агатангел (ВИДЕО)

Традиционално, бакалскиот еснаф во Прилеп вчера го прослави својот патрон празник,„Св.Три Светители“. Празникот е  посветен на тројцата светители, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст кои се сметаат за три столба на христијанската црква.

1214253

По повод големиот христијански празник “Св.Три Светители“ во црквата „Свето Благовештение“ се одржа Божествена литургија со која чиноначалствуваше, Митрополитот Повардарски г. Агатангел , заедно со свештените лица од прилепското архиерејско намесништво, на која, присуствуваа прилепските  бакали со нивните семејства, кои на овој ден, заедно со владиката, се помолиjа за здравје, бериќет, мир и благосостојба.

После Божествената литургија Митрополитот Повардарски г. Агатангел упати моќна порака до сите Македонци и македонски политичари за обединување, со цел, како што вели, сочувување на ова мало парче земја што ни остана.

  • “Го молам секој чесен Македонец да си ја чува оваа наша земја македонска, да ја сака, да ја почитува и да ја бакнува”, порача Владиката Агатангел.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.