Мојсов со тактичка мамка за убедлива победа, капитенот на клупа: Денеска нови возбудливи ракометни дуели во Прилеп

Ракометарите на РК Прилеп со висока победа од 29:24 против Струга, го стартуваа Меѓународниот меморијален турнир “Миле Нешкоски”.

Одличната игра и висока предност од 17:10 после првото полувреме, беше клучна за првата победа на осмиот по ред меморијален турнир за прилепчани.

Тренерот на Прилеп, Божидар Мојсов, го остави на клупа капитенот Велески, со што дополнително ги изненади стружани. Атмосферата во “Ристе Ристески-Ричко” беше врвна, а за организацијата само пофални зборови.

Програмата на вториот ден од турнирот продолжува денеска со дуелите помеѓу: Еурфарм Пелистер 2 и Мулти Есенс од 13:00ч., од 15ч се среќаваат Струга и гостите од Србија, Дубочица, а во вечерните термини Прилеп се среќава со РК Скопје од 17ч, додека гостите од Финска, Кокс, играат со Пролет од 19ч.

Резултати од првиот ден на турнирот: Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 12:22, Скопје – Дубочица 24-36, Кокс – Мулти Есенс 26-29.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.