“Мојот учител до четврто одделение ме научи на вистинските вредности и од мали нозе ми го покажа вистинскиот пат”

Прекрасен ден, ден каде носталгијата ме обзеде, разговарајќи со Блаже Кочоски, мојот учител од прво до четврто одделение – напиша на ФБ кандидатот за градоначалнк за Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Борче Јовчески.

-Тој е еден од најзначајните личности во мојот живот, уште од мали нозе покажувајќи ми го вистинскиот пат.

Не само што ме научи да пишувам и да бројам, туку ме научи и на вистинските вредности кои и ден денешен ги пренесувам на младите, продолжувајќи ја неговата мисија на еден поинаков начин.

Ме научи на тоа колку се важни семејството и пријателите, дека работните обврски се стекнуваат од мали нозе и се негуваат до крајот на животот. Ме научи да ги почитувам постарите и да учам од нивната мудрост. Тој е човек кој служи како пример за многу мои школски другари, со кои до денес сме во контакт.

Да ги почитуваме и сакаме нашите учители, наставници и професори, затоа што нивната жртва да не спремат за животот кој следува понатаму е огромна – напиша Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.