Во Прилеп денеска се одржува седмиот по ред “Мото фестивал”, кој во 17 часот започна со мото собир и дефиле на моторџии од целата земја.
Високи октани, разновидност на мотори и голема доза на адреналин, така изгледаше сликата во центарот на Прилеп од 17 до 19 часот, а погледот на случајните минувачи го одземаа глвните актери, момците во кожни елеци, моторџиите.
Организацијата на фестивалот е во рацете на Мото клубот “Рисови” oд Прилеп, а за сите оние кои сакаат вечерва да се дружат со нив, добредојдени се на луда мото забава до утринските часови на градскиот базен во Прилеп.
Уживајте во галеријата која ја подготвивме за вас:
[Best_Wordpress_Gallery id=”345″ gal_title=”MotoFestival”]