Огромна, повеќе од 5 метри долга, голема бела ајкула е снимена во близина на брегот на Мајорка, што е прв пат во 30 години овој предатор да плива во овие води.
Научниците ја снимиле во близина на населениот остров Каберер, а експедицијта која тргнала по оваа величенствена морска ѕверка ја предводел биологот Рикардо Сагарминага Ван Бајтен.
“Минативе неколу години имавме гласини и непотврдени видувања, но ова е првата научна опсервација на присутноста на големата бела ајкула во шпанските води. Во овој историски настан, десет научници од пет држави ја фотографираа ајкулата, ја снимаа и следеа”, изјави Рикардо.