Морничава секта од која никој не успеал да избега

sekta (1)

Приказната е за едно од најморничавите места во Чиле од периодот на диктаторот Аугусто Пиноче. Југот на Чиле, поточно 35 километри оддалечено од градот Парал е место на едно од најбизарните поглавја на ерата на диктаторот Аугусто Пиноче. Во тој дел на Чиле се населил самопрокламираниот свештеник и поранешен нацист Пол Шефер, кој во 1961 година побегнал од Германија со уште стотина осомничени за соработка со нацистите и тука ја основал оваа морничава секта.

Местото обиколено со Андите било идеално за монструозниот проект на Шефер за основање на секта која функционирала како држава во држава, а во која се случиле страшни злосторства. Таа колонија на секташи и нацисти била позната под името Колонија Дигнидад.

Чилеанската влада ги игнорирала настаните во Паралу, но потоа следела соработка со режимот на Пиноче, па во колонијата почнала пракса која може да се опише како вистински терор. Децата при раѓање ги одвојувале од родителите и биле воспитувани и растени во т.н. градинка сместена во колонијата. Мажите и жените исто така биле одвоени и често дрогирани, додека Шефер сексуално ги злоставувал машките, а повремено и девојчињата.

Местото служело за криење на нацистите кои избегале од Германија, како што биле Валтер Рауф, злогласниот Јозеф Менгеле, а поради тоа меѓународната заедница често во Чиле праќала барања за нивно предавање кое Пиноче редовно ги игнорирал. Сето тоа имено се одвивало со знаење на Пиноче, но и со благослов, а неговиот шеф на тајната служба, генерал Мануел Контрерас често ја посетувал колонијата.

Инаку тоа е приказна од филмот „Колонија‟ во кој главна улога има Ема Вотсон, а кој во кината ќе стигне во април. Темата се случува во 70-тите години, додека колонијата се уште постоела, а Вотсон глуми девојка чиј вереник го киднапирале агентите на Пиноче, а за да го спаси таа се одлучила да се приклучи на сектата, која ја бие глас дека од таму никој не излегол жив. Во колонијата трпи разни тортури, секој ден ја тепаат, додека таа секојдневно обработува земја, готви, чисти…

И вистинската колонија Дигнидад живеела главно од земјоделие со кое се занимавале членовите на сектата. Местото било заградено со бодликава жица, имало дури и кула за надзор, рефлектори по целиот имот, како и хангар со оружје во кој се наоѓал дури и еден тенк.

Шефер во колонијата вовел строга дисциплина, со цел да се воспостави целосно чиста духовност, а тие кои не се придржувале на таа дисциплина биле претепувани, мачени и дрогирани. Но, самиот Шефер не се придржувал на таа дисциплина.

Пред се тоа се однесувало на тоа како гледал на сексуалноста, ги силувал и мачел машките деца, а по распуштањето на колонијата 11 семејства го тужеле поради сексуално злоставување.

Освен што во колонијата биле затворени изманипулираните членови на сектата, додека траела диктатурата на Пиноче, тоа бил и центар за мачење на чилеанските тајни служби.

Американецот Мајкл Таунли, син на еден од шефовите на Форд кој работел за ЦИА во Чиле и Венецуела, за Колонијата Дигнидад дизајнирал соба за мачење. Таунли бил и платен убиец на Пиноче, а во 1976 година бил обвинет за убиство на поранешниот чилеански министер за надворешни работи Орландо Летелиера. Таунли денес живее во Америка во програма за заштита на сведоци.

Членовите на сектата живееле по соби, а во секоја соба биле пет до шест луѓе. Немале никакви посебни лични предмети, освен пижами, една облека за работа, една за одмор, како и неделна резерва на долна облека. Се друго, вклучувајќи чевли, било заклучувано во шкафови.
Секое утро заедно доручкувале, секогаш млеко и леб намачкан со мармалад, а потоа оделе да работат. Мажите работеле тешки физички работи, а жените наводно полесните, како готвење, чистење и спремање на шталите, додека некои работеле и како медицински сестри.

Во заедницата немало телефони, телевизија и календари, а на членовите им бил забранет сексот. Ни денес не се знае точно што се случило со 1100 луѓе, кои исчезнале во колонијата.

Колонијата се распаднала по падот на режимот на Пиноче, иако всушност постоела уште некое време, но под името Вила Бавиера. Под тоа име постоела се до 2013 година.

Шефер во 1997 година побегнал од Чиле кога покренале обвиненија за сексуално злоставување, а бил уапсен во 2005 година во Аргентина и предаден на Чиле. Добил 20 години затвор, но умрел во затворот во 2010 година од срцеви болести. Во моментот на смртта, имал 88 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.