Кога Македонка ја пее „Море сокол пие“ велиме ’браво’, кога некој од соседите го прави тоа важи истото, но што да се каже кога песната ја изведува девојка која нема апсолутно никаква врска со Македонија и дури и воопшто не била во нашата земја?
Најновата преработка на прекрасната македонска традиционална песна доаѓа од работилницата на Barcelona Gipsy balKan Orchestra и прекрасната вокалистка Маргерита Абита.
Маргерита е Италијанка и е дел од составот Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), интернационален ансамбл, чија база е Барселона. Специфични по составот, но и начинот на кој ја интерпретираат традиционалната музиката – Barcelona Gipsy balKan Orchestra се вистински мелем за душата, а новиот дух кој ѝ го даваат на музиката од Балканот, Средниот Исток, но и Медитеранот е магија за сите сетила.
Во описот на видео спотот ја пишале и добро познатата стара изрека: “Ако одиш во Босна немој да пееш, ако одиш во Србија немој да играш, а ако одиш во Македонија немој ниту да пееш ниту да играш”.
Секоја чест!