Момците од Велосипедски клуб “Илинден” од Прилеп растурија на првата трка сезонава: Константин Костоски и Андреј Маџоски најдобри во своите категории

Во организација на Велосипедската федерација на Македонија и МВК Велес, на 21.08.2020 се одржа првата трка за сезоната 2020 на Државното првенство хрнометар во Стоби.

Велосипедскиот клуб “Сервис Илинден” од Прилеп на оваа трка учествуваше со 5 натпреварувачи и то: Константин Костоски и Шукулоски Димитар во категорија до 13 години, Андреј Маџоски и Христијан Трпкоски до 15 години и Стрезовски Борјан во категорија кадети.

Во својата категорија најдобри завршија Андреј Маџоски во У15 и Константин Костоски во У13.

Останатите натпреварувачи забележаа добри пласмани.

На првата трка сезонава учествуваа 70 натпреварувачи во сите категории. Следна трка е државното ридско првенство во Битола кое ќе се одржи на 13.09.2020.

Честитки до момците кои по којзнае кој пат покажаа дека се едни од најдобрите во Македонија. Секако за нивните успеси голем удел има и нивниот тренер Драган Димитријоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.