Во најновата колумна за порталот на РАДИО ПЕЛА, новинарот Зоран Момироски меѓудругото се осврна на кадровските промени во јавните претпријатија во Прилеп, како и на состојбата во општинската организација на СДСМ, чиј претседател е и Генерален директор на “Тутунски Комбинат”.
-ДОДЕКА ВО ПРИЛЕПСКИОТ ВМРО-ДПМНЕ СЕ СЛУЧУВААТ ПРЕДИЗБОРНИ ПРЕГРУПИРАЊА, ВО СДСМ СИ МОЛЧАТ. И, СИ ЈА ТЕРААТ ОНАА СЕИРЏИСКАТА. ЦАКИО КАКО ГЕНЕРАЛЕН НА ТУТУНСКИ ОД БУЧИН ПРЕКУ ПРИЛЕП И СКОПЈЕ ТИ БИЛ ВО ДУБАИ!? ЗАТОА СЕ ЧЕКАЛО НА ГРЕШКИТЕ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ И ТАКА ДА СЕ НАМАЛЕЛА РАЗЛИКАТА ОД 7.500 ГЛАСОВИ. СО РАБОТА НЕ, АМА СО ЧЕКАЊЕ И СО ГРЕШКИ НА ПРОТИВНИКОТ МОЖЕБИ ЌЕ МОЖЕ. ВО СПОРЕДБА СО ОВИЕ ОД СДСМ, ОНИЕ ОД КАЈ ПАРТИЈАТА НА МАКСИМ ТВРДАТ ДЕКА ВО ПРИЛЕП НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ СДСМ ТЕШКО ДЕКА БИ ОСВОИЛ ПОВЕЌЕ ОД 11.000 ГЛАСА. А НА ВМРО-ДПМНЕ МУ ПРЕДВИДУВААТ НЕ ПОВЕЌЕ ОД 16.000 ГЛАСА. ДОДЕКА ЕДНИТЕ СЕИРЏИСКИ СИ КАЛКУЛИРААТ, ДРУГИТЕ СИ ПРОГНОЗИРААТ, ЛЕВИЦА ПРЕКУ ПАРТИСКО СООПШТЕНИЕ ,,ПУЗДЕР“ ЈА НАПРАВИЈА ПРИЛЕПСКАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ, ОСОБЕНО ПО ПОСЛЕДНИОТ РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ, АМА И ЦЕНТРАЛНАТА. ПРИТОА ЛЕВИЦА ИЗВЛЕКУВА ЗАКЛУЧОК ДЕКА ДВЕТЕ ПАРТИИ ВО ПРИЛЕП СЕ ВО ГОЛЕМ ,,ЉУБОВЕН БИЗНИС ДИЛ“ БИДЕЈЌИ НЕМА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УТВРДЕНИ ЗЛОУПОТРЕБИ. СИ СЕ КРЕПАТ ЕДНИ СО ДРУГИ И СЕ ОБИДУВААТ ДА КАЛКУЛИРААТ СО НАРОДОТ – пишува Момироски.