Момироски: “Цакио и европската трибина на СДСМ вечер на камена бина”

Во редовната колумна на порталот од “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Зоран Момироски меѓудругото пишува и за владината трибина од караванот “Ние сме Европа”, која вечерва треба да се одржи на Камената бина во Прилеп.

-ВЕЧЕРВА ВЛАДИНИОТ КАРАВАН: ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА Е ВО ПРИЛЕП КАЈ КАМЕНАТА БИНА. ГЛАВНИВЕ ОД СКОПЈЕ РЕКЛЕ ДА НЕ СЕ СТРАМИМЕ ПРЕД ФРАНСУСКИОТ АМБАСАДОР ВО РСМ ТРИБИНАТА ДА БИДЕ ОРГАНИЗИРАНА НА ЕВРОПСКО НИВО. ТОА ПАК БИЛО ПРИЧИНА ПРИЛЕПСКИОТ ВРВ НА СДСМ НА ЧЕЛО СО ЦАКИО ДА ДОНЕСАТ ГОЛЕМА И СУДБОНОСНА ОДЛУКА И ПО ПОВЕЌЕ МЕСЕЦИ КОНЕЧНО ДА ГИ ОТВОРАТ ПАРТИСКИТЕ ПРОСТОРИИ. НЕЗНАМ ДАЛИ НА ТИЕ ШТО БИЛЕ НА ПРВИОТ СОСТАНОК ИМ БИЛО НАРЕДЕНО ПРЕД ОД ДОМА ДА ДОНЕСАТ МЕТЛИ И КРПИ ЗА ДА ГИ ЗАЧИСТАТ ПРОСТОРИИТЕ КОЕ ОД ПРАШИНА, КОЕ ОД ПАЈАЖИНА, АМА ТАМУ ТИ БИЛЕ СИТЕ, ПА И ДИРЕКТОРИТЕ И РАКОВОДИТЕЛИТЕ НА ПОДРАЧНИТЕ ЕДИНИЦИ. НАЈГОЛЕМА МАСОВНОСТ СЕ БАРА ОД ОВИЕ КОИ ИМААТ ПО НЕКОЈА ФУНКЦИЈА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ КОИ СЕ ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ. АМА И ОД СОСЕДНИТЕ ОПШТИНИ И ОД НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА. ДЕН ПО ПРВИОТ, НА ВТОРИОТ СОСТАНОК АКЦЕНТОТ БИЛ СТАВЕН НА ТОА КАКО ДА СЕ ДОВЛЕЧКААТ ЛУЃЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА. БИДЕЈЌИ ЕУ ФОНДОВИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО И СЕЛОТО ИМААТ КЛУЧНА УЛОГА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ. ЗА ДА НЕ БИДАТ РАЗОЧАРАНИ ОД ПРИСУТНОСТ, ОВИЕ ОД СКОПЈЕ, А ДА БИДЕ ОТСТРАМЕН ЦАКИО КАКО КООРДИНАТОР НА МЕСНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ РАБОТИТЕ ГИ ЗЕЛ ВО СВОИ РАЦЕ ПУЛЕНИКО НА ЕКИПАТА ОД ЦАКИО, ПИЛИЧЕВ. ИНАКУ ПО КАРАКТЕР И ПО ДОМАШНА ВОКАЦИЈА ЧОВЕК СО ГОЛЕМИ ПОЛИТИЧКИ АМБИЦИИ И ЖЕЛБИ. НАДЕЖТА Е ДЕКА ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ОБВРСКИТЕ ЗА ОВАА ТРИБИНА КАТАНЦИТЕ НЕМА ДОЛГО ДА СТОЈАТ НА ВРАТИТЕ ОД ОО НА СДСМ БИДЕЈЌИ ПРЕТСТОЈАТ НОВИ ПОГОЛЕМИ ПОЛИТИЧКИ АНГАЖИРАЊА ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, А ИСТОВРЕМЕНО НЕМА НАПРАЗНО ДА ЧУКААТ НА ЗАТВОРЕНИТЕ ВРАТИ И ОБИЧНИТЕ ЧЛЕНОВИ КОИ БАРААТ И САКААТ ЗАВЕРКИ НА ПАРТИСКИТЕ КНИШКИ. А УШТЕ ПОМАЛКУ ДА ОДАТ ПО КАФИЧИТЕ И КАФЕАНИТЕ КАДЕ ШТО СЕ СОБИРААТ ЧЕЛНИЦИТЕ НА ОВАА ПАРТИЈА И ГИ РЕШАВААТ СУДБИНИТЕ НА ЛУЃЕТО – пишува новинарот Момироски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.