Во својата неделна колумна на Радио Пела, новинарот Момироски најави голема бизнис буна со кривични пријави и барања за оштета против сите инволвирани во проектот за реконструкција на улицата “Леце Котески”.
– ГОЛЕМА БИЗНИС БУНА СЕ СПРЕМА СО КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ И СО БАРАЊА ЗА ОТШТЕТА ПРОТИВ СИТЕ ИНВОЛИВИРАНИ ОД АПЛИЦИРАЊЕ ДО РЕАЛИЗИРАЊЕ НА ЗАПОЧНАТАТА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ЛЕЦЕ КОТЕСКИ“. ОВА ВЕЛАТ НЕ ЛИЧИ НИ НА СОКАК НИ НА МАЛСКА УЛИЧКА, А ЗА СОВРЕМЕН ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ НА ПРИЛЕП КОН КРУШЕВО МОЖЕ САМО ДА СЕ СОНУВА. ЗГОРА НА ТОА ШТО ПРОЕКТОТ E ЦЕЛОСНО УТНАТ КАКО ЗА СЕГАШНИ И ИДНИ ПОТРЕБИ, САМАТА ГРАДЕЖНА АКТИВНОСТ Е ВОН СТАНДАРНА И НЕ Е ПРОФЕСИОНАЛНА. ТОКМУ ПОРАДИ ВАКВИТЕ ПРОПУСТИ УШТЕ СЕГА СИТЕ ФИРМИ И НАСЕЛЕНИ МЕСТА КОИ ГРАВИТИРААТ КОН ОВОЈ ДЕЛ ОД ПАТОТ БЕЛЕЖАТ ОГРОМНИ ЗАГУБИ. НАМЕСТО НОВОТО СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ ДА ПОНУДИ НОРМАЛЕН УСЛОВ ЗА ЕФИКАСЕН И БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ И ДА ГАРАНТИРА ПРИСТАПНОСТ, БРЗИНА И ЕКОНОМИЧНОСТ, СИТЕ СЕ ЧУДАТ КОЈ „МАЛОУМНИК“ ПОБАРАЛ ВАКВО ПРОЕКТ РЕШЕНИЕ!?! И КОИ УШТЕ ПОГОЛЕМИ „МАЛОУМНИЦИ“ СЕ ПРАВАТ НА МУТАВИ И СИ МОЛЧАТ, А ПРИТОА СО МАЛИОТ ПРСТ НЕ САКААТ ДА МРДНАТ ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ОВАА УРБАНА КАТАСТРОФА – ПРАШУВААТ БИЗНИСМЕНИТЕ ОД ОВОЈ ДЕЛ НА ГРАДОТ?!? ВО НИВНОТО ОТВОРЕНО ПИСМО МЕЃУ ДРУГОТО СТОИ: „ПОДОЛГО ВРЕМЕ СО МЕСЕЦИ СЕ СООЧУВАМЕ И СО НЕСТРУЧНО ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ, НО И СО ПРЕДВИДЕНИТЕ РОКОВИ, НАЧИНОТ И ТЕКОТ НА САМИТЕ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ КОИ СЕ ИЗВЕДУВААТ НА ЦЕЛАТА ОПЕРАТИВА КОЈА НА 2 .130 МЕТРИ СКОРО 10 МЕСЕЦИ ЌЕ ГО ОНЕВОЗМОЖИ ПРИСТАПОТ ДО НАШИТЕ ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ. ОСОБЕНО ШТО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД БИЗНИСОТ Е ПРЕКУ ТРАНСПОРТ НА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ СО ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА. А, ШИРИНАТА НА УЛИЦАТА НЕ ГИ ЗАДОВОЛУВА СТАНДАРДИТЕ НА РЕГИОНАЛНА УЛИЦА ИЛИ РЕГИОНАЛЕН ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ВО ГРАД. ОВА Е СТРАМ ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ И ЗА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА. ОВА Е СТРАМ ЗА ГРАДОТ! “И ПОКРАЈ СИЛНИТЕ РЕАКЦИИ СИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ ДА МОЛЧАТ И НАДЛЕЖНИ ИНСТИТУЦИИ, ПА ДУРИ И НОВИНАРИ И ГРАЃАНИ.
Целата колумна можете да ја прочитате ТУКА.
Извор: Радио Пела