Момироски: Само Кире Јоноски си достоил до зборот

Во својата редовна колумна за порталот на “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Зоран Момироски, се осврна и на паушалите на советниците во Советот на општина Прилеп. Во предизвобрната кампања повеќемина истакнаа дека своите советнички паушали или дел од нив ќе ги донираат каде што има потреба, но според Момироски тоа го напаравил единствено советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ортопедот специјалист Кире Јоноски.

-ВО МИНАТИТЕ НЕКОЛКУ КОЛУМНИ НЕКОЛКУ ПАТИ ЈАВНО ПРАШАВ: ДАЛИ ОД ТИЕ СОВЕТНИЦИ КОИ ШТО ВЕТУВАА ДЕКА ЌЕ ГИ СПОНЗОРИРААТ ПАРИТЕ ОД СОВЕТНИЧКИОТ ПАУШАЛ ОД 20.000 ДЕНАРИ НЕКОЈ СИ ОСТАНА НА ЗБОРОТ?!? ЕДИНСТВЕНО ПОТВРДА ОД ЕДНО УЧИЛИШТЕ ДОБИВ ЗА СОВЕТНИКОТ ОРТОПЕД ДОКТОР КИРЕ ЈОНОСКИ. А ДЕНОВИВЕ ЛИЧНО И ОД ЈОНОСКИ И ТОА СПИСОК ОД БАНКА, НО СО ИМЕ ПРЕЗИМЕ И ДАТУМ, КАДЕ ОВОЈ СОВЕТНИК ДОНИРАЛ ПАРИ – ДО ДЕНАР ОД ДОСЕГА СИТЕ ЗЕМЕНИ СОВЕТНИЧКИ ПАУШАЛ!!! ОВОЈ НАШ МЛАД ПРИЛЕПСКИ ДОКТОР СРЕДСТВАТА ГИ ИМА ВЛОЖЕНО КАЈ МНОГУ СЕМЕЈСТВА СО БОЛНИ ДЕЦА, КАЈ ПОЕДИНЦИ И ФАМИЛИИ КОИ НАВИСТИНА СЕ БОРАТ ЗА ОСНОВНА ЕГЗИСТЕНЦИЈА. ДОНИРАНА Е ПОМОШ КАЈ СЕМЕЈСТВА НА КОИ ИМ ИЗГОРЕЛЕ КУЌИ И УНИШТИЛЕ ПОКУЌНИНИ. НА МЕСТА КАДЕ ШТО НАВИСТИНА БИЛА НЕОПХОДНА ПОМОШ. СО ОВА, МАЛ ФИНАНСИСКИ, НО СЕПАК ГОЛЕМ ЧОВЕЧКИ ГЕСТ, СОВЕТНИКОТ РЕАЛИЗИРАЛ НАД 110 ДОНОАЦИИ. ГО ГЛЕДАМ СПИСОКОТ НА РЕАЛИЗИРАНАТА ХУМАНИТАРНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ И СИ ВЕЛАМ: АКО ОРТОПЕДОТ ДОКТОР КИРЕ ЈОНОСКИ ГО НАПРАВИЛ ОВА, ВО ОВОЈ НАШ ПРИЛЕПСКИ СОВЕТ ИМА ДРУГИ ДОКТОРИ ?!? ЗНАМ ДЕКА ИМА. ПО СЕ’ ИЗГЛЕДА И ДРУГИТЕ НЕГОВИ КОЛЕГИ САКААТ ДА ГО СЛЕДАТ НЕГОВИОТ ПРИМЕР, АМА ВО ЏЕБОВИТЕ ИМААТ „ЗМИЈА“!!! ВО СОВЕТОТ ИМА И БИЗНИСМЕНИ И ТОА СО ДЛАБОКИ ЏЕБОВИ. И ТИЕ САКААТ, АМА КАЈ НИВ ВО НИВНИТЕ ЏЕБОВИТЕ НАЈВЕРОЈАТНО ИМААТ ГОЛЕМИ „КРОКОДИЛИ“. НЕКОИ НАВОДНО ВЕТИЈА, АМА НА ЗБОРОТ НЕ СИ ДОСТОИЈА. ОТИ КАЈ НИВ ВАЖИ САМО ЕДНО ПРАВИЛО: САКАМ ДА ДАДАМ – АМА ДУША НЕ МИ ДАВА! – пишува Момироски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.