Колумната со наслов “ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ”, на која автор е новинарот Зоран Момироски, а неделно се објавува на Радио Пела, стана дефинитивно текст кој со нетрпение го исчекуваме.
Овој пат како дел од колумната тој сподели една интересна комуникација помеѓу двајца партиски активисти на СДСМ:
– ДЕКА РАБОТАТА Е ТРГНАТА ВО НЕПОВРАТ МИ ПОТВРДУВА ЕДНА ФБ КОМУНИКАЦИЈА КОЈА ЈА ВОДАТ ДВАЈЦА ПОЗНАТИ ПРИЛЕПСКИ ЧЛЕНОВИ НА СДСМ НА ТЕМА – ЦАКИО. ЕДНИОТ МУ ПИШУВА НА ПЕЛАГОНИСКИОТ КООРДИНАТОР НА СДСМ АЛЕКСАНДАР ЦУЦУЛОСКИ ОД БИТОЛА: НАШИОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ, МИСЛИ НА ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ – ЦАКИО, НАЈМНОГУ ШТО ДОСЕГА ИМА СРАБОТЕНО Е САМО ЛИЧНИОТ ИНТЕРЕС. КООРДИНАТОРОТ БАРА ПРИМЕРИ ЗА АРГУМЕНТИРАЊЕ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ. ЗА ПОТОА, НА ОВА ОВОЈ АЛЕКСАНДАР ЦУЦУЛОСКИ ДА МУ ОДГОВОРИ НА ЧЛЕНОТ НА СДСМ: БРАТ, НЕ ГО ПОЗНАВАТЕ ЦАКИО! ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ Е СПРЕМЕН ДА ЈАДИ САМО ЛЕБ И МАРГАРИН ЗА ПАРТИЈАТА. ТОЈ, МИСЛИ НА ЦАКИО, Е СПРЕМЕН И ДА СЕ САМОРАЗНЕСИ ЗА СДСМ! ЈА ЧИТАМ ОВАА КОМУНИКАЦИЈА И НЕ МОЖАМ ДА ПОВЕРУВАМ ШТО ПИШУВА ЕДЕН КООРДИНАТОР НА РЕГИОН. САМ ВО СЕБЕ СИ ПОСТАВУВАМ ПРАШАЊЕ: КОЈ КОГО ПРАВИ БУДАЛА ВО ОВАА КОМУНИКАЦИЈА?! АЛО, КОМУНИКАЦИЈА ВО 21 ВЕК!!! ПА УШТЕ ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ БИЛ СПРЕМЕН ДА ЈАДЕЛ ЛЕБ И МАРГАРИН ЗА ПАРТИЈАТА И КАКО МУЏАХЕДИН ДА СЕ САМОРАЗНЕСЕ ЗА СДСМ?!?! ОВДЕ НЕДОСТИГА УШТЕ ТОА ЗА ОВОЈ АЛЕКСАНДАР ДА КАЖЕ ПО ЧИЈА НАРЕДБА ЦАКИО БИ ОБЛЕКОЛ ЕКСПЛОЗИВЕН ЕЛЕК, БИ ГО АКТИВИРАЛ И БИ СЕ САМОРАЗНЕСОЛ…
Целата колумна можете да ја прочитате на Радио Пела.