Во најновата колумна за минатонеделните случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски се осврна на политичките ветувања за изградба на нов театар во Прилеп, односно за реконструкција на постоечката театарска зграда.
,,Ново-старата престава,, НОВ ПРИЛЕПСКИ ТЕАТАР дефинитивно нема да се гледа. А и старата реконструирана и возобновена нема да стигне до 5 јуни кога треба да започне годинашниов јубилејен 60-ти театарски фестивал ,,Војдан Чернодрински,,.
Идејата нов театар ја започна пред околу 8 години, кога за време на локалните избори, а потоа и како градоначалник, Илија Јованоски – Муцето од СДСМ. За потоа да се констатира дека театарот е институција под надлежнст на министерството за кулутура.
За да се ,,фрли магла,, на бирачите иако пари немаше ама со ветување дека ќе се најдат, општината распиша оглас за идејно решение за нов театар и на 23.04.2021 избраното најдобро решение и беше предадено на НУЦК Марко Цепенков.
Незнам за што: да го урамат и закача на зид или да го реализираат?!? Да не биде еден ама вреден ,,истиот залак го голтна,, и екс градоначалникот Борче Јовчески, ама и Бокио заврши како Муцето.Оти 18 милиони евра за нов театар и 9 милиони евра за реконструкција на НУЦК “Марко Цепенков” е илузија.
А сега во државниот буџет во моментов нема ниту 2 милиони евра за реконструкција на стариот, а не 27 милиони евра за нов.
Дали Декио сега се врати два чекори назад и се прилагоди на реалните услови?! Во тек е изработка на ново и многу прифатливо идејно решение за реконструкција на стариот театар.
Околу 25.000 евра проектот е финансиран од засега непознат бизнисмен. Така што големата и единственатаи силна актерска желба за ,,сигурен кров,, над главата во стариот објект нема одма да се исполни, бидејќи сакале или не Министерството за култура ќе чека ребаланс на државниот буџет.
Целата колумна на Момироски прочитајте ја ТУКА























