Момироски: Му нема рамен на Цакио…менува функции како никој друг

Новинарот Зоран Момироски во неговата редовна петочна колумна “Во Прилеп нема проблем, а се’ е проблем”, по обичај направи ретроспектива на минатонеделните случувања на политичката сцена во градот под Марковите Кули, а неизоставен дел тука е и претседателот на ОО СДСМ Прилеп и Генерален директор на Тутунскиот Комбинат, Зоран Печешкоски.

-Зоран Пачешкоски – Цакио, генералениот директор на Тутунски комбинат и претседател на ОО на СДСМ ,,гол,, се пече на жар. Партијата го вработи и го постави за раководител на Подрачното одделение за земјоделие.Експресно беше прераспределен во УЈП за од таму откако малку одмори од проблемите со земјоделците го постави за генерален директор на Тутунскиот комбинат.Цакио стана и недопирлив и недостижен. Со ,,многу труд,, и со ,,уште поголемо знаење ,, тој со сета своја препотенција стана ,,Цар Мурат,, и со функциите што ги има никој не му е равен.И тоа не е проблем.Навикнал овој народ да гледа се и сешто.Сега негов и на неговите од тимот во партијата проблем е што Централата во Скопје побарала од Цакио на следните избори како знае да обезбеди најмалку 14.000 гласови ,,ЗА,, СДСМ на престојните локални избори. Во спортивоно е можно и очекувано да биде разрешен од претседател на ОО на СДСМ а според редот на нештата и од генерален директор на Тутунски комбинат.Објективно и во УЈП кога ќе се врати нема да му биде лошо оти тој реално и тоа го нема,,сонувано,,. Го слушам муабетов и си велам до кој ред дојде овој СДСМ – Прилеп ,со овие актуелни кадровски решенија.Притоа размислувам ако обврската е најмалку 14.000 за СДСМ , а од ВМРО-ДПМНЕ бараат над 18.000 илјади ,,ЗА,,! Каде ќе се најдат луѓе за другиве партии!?! Особено кога се знае дека над 35% а можеби и повеќе од прилепачни се или во април ќе бидат на печалба во странство за егзистенција ама и по живот во организирани средини , во држави каде што се знае ,кој јади, кој пие и кој плаќа – напиша Момироски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.