Во најновата колумна за минатонеделните случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски се осврна и на детална анализа на предлозите за членови во Бордот на директори во Тутунски Комбинат:
-Што се однесува до членовите на новиот борд, коментарите се различни. Најверојатно генерален ќе биде Александар Алексовски кој доаѓа од Гентерм. Не треба да биде изненадување на оваа позиција да биде и Афродита Настеска вработена во Тутунски комбинат.
Но, во бордот сигурно ќе биде Александар Кузманоски кој ти имал и богато работно искуство. Со трговија на алкохолни и безалкохолни пијалоци, со пиво, со чоколада и бонбони а некои тврдат дека наводно него му биле омилени трговски зделки и со кондоми. Во личната биографија нема со тутун и тутунски производи.
Меѓу директорите ќе има и битолчанка, Афродита Баталоска со факултет за администрација и менаџмент на информациски системи. Наводно предлог на албанскиот блок партии оти основно училиште има завршено на албански јазик. А ти била и претседател и на УО на установата МУЗЕЈ НА АЛБАНСКАТА АЗБУКА во Битола. За да не биде осамена битолчанкава во бордот ќе има како што веќе спомнав уште една Афродита ама оваа е наша прилепчанка. Настеска е дипломиран економист вработена во комбинатот во секторот сметководство. Се шпекулира дека таа доаѓала како предлог на МПЦ – ОА оти нејзиниот девер и бил владика. Во Прилеп нема нешто што неможе да се поврзи па дури и да не е така. Во бордот ќе има и преставник на Општина Долнени. Сашко Вељаноски од Ропотово. Во 2013 и 2014 бил директор на ЈКП Долнени.
Сега управител на ИЗ Сагома ама ,,веројатно планирал и насетил ,,дека ќе седне во бородот на директори,, ?! Факултет за менџамент сега скоро, поточно оваа година завршил на МИТ. А, средно во Македонски Брод оти најверојатно Прилеп му бил многу подалеку. Ќе директорува и Зоран Петрески – Мускуло од директор во училиште за еден од директорите во тутунски, со големи партиски искуства ама без бизнис знаења но, со верба да научи. Партиите што му носат на луѓето, верувајте не му носат на човек ни во животот, ни во сонот!