Молчеа додека четири години општината и јавните претпријатија се полнеа до последно место, сега им текна да се реагира

Стопанска комора на Македонија преку Регионалната комора Прилеп е информирана дека е подготвена Одлука во општината, за финансирање на нови 33 административни вработувања за идната 2024 година, согласно проекциите на буџетската градска каса за следната година – стои во соопштението од СКМ.

Соопштението во целост го објавуваме во продолжение:

-Ваквото функционирање со кое наместо средства за капитални инвестиции се планираат непродуктивни трошења не е во согласност со ставовите и заложбите на бизнис заедницата кои во континуитет се испраќаат, дека час поскоро е потребно средување на состојбите во јавната администрација и конечно да се стави приоритет на бизнисот врз политиката во наредниот период. Бизнис секторот од Прилеп укажува дека со ваквите одлуки кои се во најава од пазарот на труд се намалуваат 33 потенцијални вработени во приватниот сектор кој се соочува со сериозен недостиг на кадар и би продолжила доминацијата статус ков позицијата на сметка на развојната компонента.

Регионалната комора изразува благодарност што градоначалникот на општина Прилеп од својата позиција како татко на градот континуирано учествува на расправите и активностите организирани од страна на бизнис секторот во градот, но истовремени укажуваме дека на вакви дејствија спротивни на бизнисот ќе реагираме. Ако ова остане пример за сите општини во предизборието, тогаш навистина ќе потврдиме дека развојната компонента ќе причека за уште најмалку една година.

РК Прилеп укажува и дека тешко оди издавањето на градежни дозволи во општината што е основен услов да бидат стопирани секакви инвестициони активности. Има безброј примери на погрешни одлуки на општината во Прилеп кои доведоа до ваквата состојба и се прашуваме дали тоа не е основа од регион на најдобар регион и најплодна земја да се доведеме до најзагадена животна средина.

Оттука, барањето Регионалната комора е оваа Одлука веднаш да се измени и планирањето на трошоците на буџетската каса за 2024 година да се врши во заедничко содејство со Регионалната комора од Прилеп – стои во соопштението.

Интересно е тоа што ваквите реакции од истото место изостанаа за време на мандатот на претходната општинска администрација, кога градоначалник беше Илија Јованоски, а во тие четири години во општината и јавните претпријатија се вработуваше како никогаш порано.

Еве само дел од тие огласи кои ја наполнија општинската зграда и јавните претпријатија до речиси последно место:

ВРАБОТУВАЊЕ ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП: Плата 28.000 денари! АПЛИЦИРАЈТЕ!

Koнкypc за 18 нови во ЈП за ПУП Прилеп, а тие за плата не можат да coбepaт?

Вие скенирајте сметки и чекајте ваучери: Нови 5 работни места во општина Прилеп, плата до 29.000 денари

Нов оглас за вработување на 9 службеници во општина Прилеп, плата од 16 до 29.000 – Аплицирајте!

Hoви седум огласи за вработување во општина Прилеп: Плата до 30.000 денари, аплицирајте

Огласи за вработување во Општина Прилеп! Аплицирајте!

Ова погоре се реализирани вработувања, додека пак планот за нови вработувања во општинската администрација, во случајов 33 на број за 2024год., е само законска обврска на општината, која секоја година треба да достави ваков план до Советот, а советниците да гласаат по него. Се работи за можни вработувања, кои можеби ќе се реализираат, а можеби и не.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.