Молебен за благословен почеток на школската година и во Параклис: Донесете ги дечињата во црква во сабота!

Црковниот храм Св.Кирил и Методиј – Параклис од Прилеп ги повикува учениците и нивните родители во сабота (31.08) со почеток од 07часот, да присуствуваат на молебен канон за благослов на новата училишна година.

Во продолжение поканата од храмот:

-Детето со својата природна невиност, незлобливост и чистота личи на Бога. Ништо на светот не ни предава поуспешна икона на убавината Божја од самото дете, и тоа пред сè насмевката и погледот на детето. Тоа ништо не очекува со упорност, не прави планови, нема интереси, не е лицемерно.Ним Бог со најпривлечни игри им дава голема надеж дека ќе останат деца Негови и дека ќе Го сретнат и добронадежните ги прави Свои синови. Затоа и Христос вели:„Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене… зашто на таквите е Царството Божјо“ (Марко, 10, 14).

ЗАТОА КАКО И СЕКОЈА ГОДИНА ТАКА И ОВАА БРАТСТВОТО ПРИ ХРАМОТ СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ(ПАРАКЛИС), ГИ ПОВИКУВА СИТЕ ДЕЧИЊА ОД ОВОЈ ГРАД НА 31.08.2024 ГОДИНА, САБОТА, СО ПОЧЕТОК ОД 07 ДО 08:00 ЧАСОТ, НА МОЛЕБЕН ЗА ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА ВО ХРАМОТ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ (ПАРАКЛИС).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.