СДСМ тврди дека нашле уставно издржано решение со кое функционерите нема да добијат по 300 до 500 евра повисока плата со усогласувањето од април.
„СДСМ и коалицијата денеска поднесе измени на сите закони со кои се регулираат платите на сите избрани и именувани функционери. Со измените на законите постоечките коефициенти на плати се намалуваат по што платите на сите избрани и именувани функционери нема да пораснат.“ – рече Мартин Костовски од СДСМ
Сепак, овие измени не значи дека функционерите ќе имаат помали плати, туку само нема да имаат зголемување. Велат дека ова е единственото уставно решение.
„Така е направено да нема драстично зголемување бидејќи пред неколку дена Државниот завод за статистика излезе со пресметки за просечната плата во државата и ова ќе значи енормно зголемување од 15,3%. Ние како одговорни политичари од СДСМ тоа нема да го дозволиме“ – додаде Костовски.