Можно е враќање на евтината дневна тарифа на cтpyjaта – Еве од кога се очекува

Можно е враќање на дневната евтина струја, но ќе треба да почекаме за тоа до крајот на грејната сезона, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

„Позитивните трендови продолжуваат, намалени се загубите, а ЕСМ може да има дополнителни приходи од продажбата на вишоците. Така што имаме добар материјал за почеток на дискусија за враќање на евтината дневна струја“, изјави Бислимоски.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, не ја исклучува можноста за враќање на дневната евтина тарифа за струјата. Тој најави дека ќе се разгледаат сите опции по завршување на грејната сезона.

Да видиме како ќе заврши оваа грејна сезона, да го видиме производството на ЕСМ, да видиме како оди набавката на електричната енергија, па понатаму ќе размислуваме за сите можни опции што ги имаме“, изјави Бислимоски одговарајќи на прашања на новинарите по средбата во Стопанската комора посветена на нова регулатива за складирање на струја произведена од обновливи извори.

Домашното производство на електрична енергија во периодот од октомври минатата година до јануари годинава е на завидно ниво, информираше Бисмимоски.

Така, во првиот месец годинава, 87 отсто од потребите за електрична енергија во државата се обезбедени од домашни капацитети, додека само 13 отсто е увезена струја и тоа за сите потрошувачи, а не само за домаќинствата и малите потрошувачи. Тоа, според Бислимоски е добар резултат.

Во моментот, граѓаните користат само ноќна евтина струја од 22 до 06 часот наутро, како и во недела цел денЕвтината дневна тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година, кога имаше и поголемо зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто.

Доколку останеше евтината дневна тарифа, ќе требаше да се зголеми цената на струјата за дополнителни 5 отсто, односно зголемувањето ќе изнесуваше 14,23 отсто.

Евтината тарифа беше укината со образложение дека цената на струјата во Македонија била најниска во Европа и освен кај нас, модел на користење на струјата како евтина тарифа немало никаде.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.