Можи датум за ЕУ не добивме, ама затоа отсега ќе патуваме без виза во држава која е помала од Прилеп

Македонија воспостави безвизен режим и со Сент Китс и Невис (Свети Кристофер и Невис), држава од два острова меѓу Карипско Море и Атлантски Океан со околу 53 илјади жители.

Договорот го потпишаа амбасадорите на двете земји во Велика Британија, Александра Миовска и Кевин Ајзак.

Со склучувањето на првиот меѓудржавен договор со поранешната британска колонија по воспоставувањето дипломатски односи минатата година, со македонски пасош сега може да се патува без виза во 125 земји.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.