Модата се претвори во лудило: Младите одлепија по овие “патики“

Модните дизајнери се натпреваруваат кој ќе измисли нешто поуникатно, но во таа битка често се претерува. Така, битката по убав модел, често се претвора во натпревар кој ќе смисли побизарна колекција. Овие “патики“ се доказ за тоа.

Популарниот бренд „Dsquared2“ сега нуди патики/сандали на висока пета. Претставени се на модната недела во Милано, но не ни претпоставија какви коментари следуваат.

Дизајнерот го опиша овој модел на обувки како спој на спортски патики и сандали на висока штикла. Ги нарече „Giant Heels“.

Дебела гумена платформа со чуден облик и шарени бои. Малку потсетуваат на патики, ама на сите им е јасно дека се потполно бескорисни за спорт.

#D2GETaGO ? Full show at Dsquared2.com ? @kevintachman

A post shared by DSQUARED2 – Dan & Dean Caten (@dsquared2) on

Младите ширум светот, кои имаат единствена цел да ја следат модата, колку и да е таа ужасна, веднаш си ги купија патиките.

Но, нормалните луѓе, кои сакаат да изгледаат убаво и модерно, а сепак да носат удобни обувки, коментираат дека им се слошило кога го виделе овој модел.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.