Денеска со почеток од 18:00 часот пред камената бина на плоштадот “Александрија” во Прилеп, ќе се одржи протест против промена на името на државата и ќе се побара повлекување на Законот за употреба на јазиците, како и ослободување на притворените за настаните на 27 април во македонското Собрание.
Протестот е во организација на “МНС МАКЕДОНИУМ”, a пред граѓаните ќе се обратат Архимандритот Никодим Царкњас, духовен водач на Македонците во Егејска Македонија и Претседателот на Здружението на Македонците Муслимани, Исмаил Бојда.