На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како ученици на албанско училиште изведуваат перформанс на создавање на голема Албанија.
На почетокот на снимката се гледа момче кое ги држи на картон исечени границите на Албанија, а потоа му се придружуваат деца кои ги додаваат, исто така од картон исечени, делови од Грција, западниот дел од Македонија, Косово, истокот на Црна Гора, југот на Србија и Косово.
На тој начин прават мапа на таканаречена голема Албанија, за која Албанците мечтаат повеќе од еден век.
Извор: republika.mk