Многу нови случаи во Прилеп- Наќе е крив?

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 19 до 25 октомври 2020, тестирани се вкупно 13.993 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на ЅАРS-СоV-2, зголемување од (5,9%), во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.410 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува зголемување од 27,4 отсто, во однос на минатата недела.

Состојбата во Прилеп е алармантна. Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 35 нови случаи на кopoнавиpyc, а 10 лица оздравеле од заразната болecт. Бројот на активни случаи изнесува 338, од кои 298 се наоѓаат на домашно, а 40 на болничко лекување. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1144.

Bо домашна изолација и самоизолација се наоѓат 620 лица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.