Џудо Клубот Бушидо од Прилеп учествуваше на 12тиот меѓународен турнир во Војводина, на покана на ЏК Турија, како единствен претставник од Македонија. Пристутни беа џудисти од 7 држави, или вкупно 650 млади натпреварувачи. Прилепскиот клуб настапи со 13 свои натпреварувачи. Црна дамка на турнирот фрли судењето, што беше причината 7 натпреварувачи од ЏК Бушидо да останат без медаљи. Од клубот се преземени мерки, па снимките од овие спорни натпревари се испратени до Српската судиска Џудо федерација. Сепак младите џудисти покажаја огромен талент и подем, и иако се работи за млад клуб кој допрва ќе расте, докажаа дека во нив има огромна иднина на татамите.
За вистинска хероина на овој турнир е прогласена Теодора Ристеска, која иако во двете борби ги декласира своите противници, и беа одземени 3 ипони и 2 вазари или 10 бодови од судиите. Сепак клубот реши да и додели жолт појас. Благодарници им беа доделени на Мартина Јанкоска и Филип Талески.
Охрабрени од одличните резултати на своите членови, од клубот најавија дека веќе на 20 март ќе земат учество со 10 натпреварувачи на Државното првенство за помлади пионери и јуниори во Битола. Исто така планираат и посета на неколку училишта во градот, каде членовите на клубот ќе работат со децата на запознавање со техниките на џудото, бидејќи по препорака на УНЕСКО – Џудото како олимписки спорт, најмногу е потребно за деца од 4 до 21 година, ја јакне самодовербата, контролата во просторот, држењето и ресоцијализацијата на младите.