Иницијативата “Спас за Прилеп” одново алармира за загадување на реките кои го полнат прилепското вештачко езеро со мермерна прашина.
Двете реки – Присадска и Оревоечка Река се целосно обоени во бела боја веднаш над вештачкото езеро, и ова не е прв пат еко активистите од Прилеп да забележат ваква појава.
Од “Спас за Прилеп” во видеото велат дека се обратиле до општина Прилеп и дека од надлежниот инспектор за животна средина добиле одговор дека: “Не е надлежна за тоа”.
Тие бараат итна реакција од надлежните институции, утврдување на изворот на загадувањето и преземање конкретни чекори за заштита на Прилепското езеро, а со тоа и на граѓаните, кои потоа јадат земјоделски производи наводнувани со водата од езерото.
























