Млад правник Албанец ја искина дипломата од правен факултет: “После предложените измени на Кривичниот законик, се срамам каде сум завршил факултет”

Mладиот правник Умејр Муамеди, стана препознатлив преку неговите објави на социјалните мрежи, каде постојано издржано ги критикува сите општествено-политички девијации.

Муамеди на своите статуси добива поддршка како од Македонците, така и од Албанците во Македонија, а секоја негова објава е издржана.

Денеска Муамеди ја шокираше јавноста откако објави фотографија од неговата искината диплома од правниот факултет “Јустинијан Први”.

-После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер – напиша младиот правник.

https://www.facebook.com/photo/?fbid=7420615394620502&set=a.739660739382701




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.