Младоженец од Индија поминал 800 километри на велосипед како би стигнал на венчавката во својот роден град, но непралнирано завршил во карантин пред да изговори “да”.
Полицијата го запрела пред да стигне на неговата крајна станица.
24-годишниот Сону Кумар Цухан, за СиЕнЕн изјави дека требало да се венча на 15-ти април во својот роден град Утар Прадеш.
По една недела возење на велосипед и на само 150 километри од неговата крајна станица го запрела полицијата. Властите не му дозволиле да го продолжи патот и го сместиле на 14 дневен карантин. Индија ги воведе мерките на 24 март, а ќе траат до 4 мај.