Младите прилепчани достоинствено изразија почит кон жртвите од несреќата во Кочани (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Стотици млади прилепчани вечерва на плоштадот “Методија Андонов-Ченто”, запалија свеќи во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Кочани.

Во солзи и со голема тага, присуствуваа средношколци и ученици од основните училишта, како и професори и граѓани кои палеа свеќи и оставаа цвеќе.

Денот и во Прилеп денеска беше исполнет со тага. Градот под Марковите Кули се солидаризира со семејствата на настраданите и повредените и се моли ваква трагедија повеќе да не се повтори.

Пожарот предизвикан од пиротехнички средства зеде 59 животи, додека 155 лица се хоспитализирани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.