На 21 и 22 април, на стазата “Суторман” во Бар, Црна Гора, се одржа шестата по ред Downhill трка со велосипеди, на која учество зедоја и велосипедистите од клубот “Sky Riders” од Прилеп.
Андреј Кузманоски во категоријата на јуниори го освои второто место, Алек Спиркоски беше петто пласиран, а Леонид Маркоски го зазеде шестото место.
За трите млади момчиња од Прилеп ова беше прва трка во сезоната и забележаа одличен успех.
Тие одлично го претставија својот град и клуб, а веќе се подготвуваат за нови предизвици.