Учениците од основните и средните училишта од земјава денеска ги покажаа своите квалитети во каратето на државното првенство кое се одржа во Прилеп во салата од средното училиште „Ристе Ристески Ричко“.
Пред почетокот на борбите и катите кои ги претставија натпреварувачите присутните имаа можност да видат одлична презентација на карате техники од страна на членовите на карате клубовите „КК Бонсаи“ и „КК Ронин.“
На оваа спортска манифестација учество зедоа над 300 натпреварувачи, па Александар Туфекчиевски, претседател на Федерацијата за училишен спорт на РМ и Здравко Ристески, претседател на Сојузот на училишни спортови на град Прилеп, го истакнаа задоволството што голем број на ученици со своето присуство го подржуваат каратето како спорт.
„Учениците сакаат да спортуваат, а спортските натпревари без разлика за кој спорт станува збор докажува дека Македонија е расадник на таленти кои едноставно се најдобри во овој спорт за кој се определиле“, посочија организаторите.
Денешниот настан беше во организација на Федерацијата на училишен спорт на РМ и Сојуз на училишен спорт на град Прилеп, а градот домаќин повторно се покажа како одличен домаќин.