Младите битолчани и’ даваат нов лик на Битола: Одлична идеја која може да се примени и во Прилеп (Фото)

ФОРУМ 16 информира дека од 12 до 14 ноември 2021 година по четврти пат ја спроведе Кампањата против гласини „Гласно сокаче-Будно чикмаче“.

Целта на Кампањата е да ги разбие негативните гласини и наративи за младите во Битола дека тие „само пијат кафе на Широк Сокак“ и „ништо не работат“ – oбјави порталот “Шеталиште”

-Овој пат да покажеме дека тоа не е така го уредивме просторот околу зградата помеѓу улиците „4-ти Ноември“ и „Димитар Илиевски- Мурато“. На зградата нацртавме и графит во соработка со Драган од Hybrid Minds. Неизмерно благодарни сме до компанијата што ја одржува зградата „ РС Боби 99“ и до куќниот совет за дозволата да може да работиме на дел од просторот во нивна надлежност, а благодарни сме и за поддршката за време на работната акција од бројни граѓани и минувачи – велат од ФОРУМ 16.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.