Талентираниот Прилепчанец кој на полусезона го засили прилепскиот суперлигаш од редовите на Голден Арт, се обврза на нова тригодишна соработка.
Станува збор за 200 цм висок десен бек, кој со своите осумнаесет години претставува иднина на прилепскиот и македонскиот ракомет.
Претходно РК Прилеп го донесе Жарко Барјактаревиќ и Христијан Милошески, а екипата ги продолжи договорите со Реваз Чантурија, Давор Шокоски, Христи Бикоски и Александар Тренчевски.