Јован е средношколец од Виница кој иако бил надвор кога почнал пожарот, на неколку начини помагал на повредените. Прво влегува да помага на луѓето во дискотеката, а подоцна давал и помош на повредените. Му благодариме од срце за неговата хуманост и пожртвуваност.
Тој сведочи за страшни глетки, девојка која си го поголтнала јазикот, викотници и пискотници на кои никој не сака да се потсетува.
Костадинов вели дека претешко било да се изнесуваат младите, затоа што биле онесвестени, и практично сам на раце требало да ги вади од дискотеката. Ги изнесувал само до излезот, каде ги преземале други, за тој веднаш да се врати по нови загрозени.
– Кога излегов надвор на воздух паднав на колена и многу ми се слоши. Ме земаа со една кола да ме носта, а мене очите ме печеа и ми се вртеше. Одзади ме возеа со двајца онесвестени, а во болницата беше хаос, рече Костадинов.
Тој наведе и детали за тоа како успеал да се снајде во својата намера да спаси што е можно повеќе животи.
– Го земав цревто, се измокрив. Отидов на главниот влез, ама луѓето таму беа многу заглавени, па влегов низ прозорецот што е кај билетите. Влегов во таа соба, имаше таму четири или пет луѓе. Вратата беше заглавена, ја скршивме и почнавме да ги вадиме еден по еден“, раскажува Костадинов.