Младиот прилепчанец брилира каде и да се појави: Сребро од силниот турнир “Зегин Опен 2024” за Мартин Ристески (ФОТО)

Од 13 – 15.09.2024 година, во Берово се одржа третиот по ред Меѓународен турнир во пинг-понг “ЗЕГИН ОПЕН 2024”. На турнирот учество зедоја 12 земји или поточно 171 натпреварувач од Македонија, Аргентина, Германија, Косово, Бугарија, Србија, Белорусија, Турција, Украина, Грција, Хрватска и Киргистан, a учесниците беа поделени во повеќе возрасни категории.

Македонија имаше најмногу претставници, но со медал се закитија само 7 македонски натпреварувачи, од кои освоени беа 6 бронзени и 1 сребрен медал.

Сребрен медал во категорија за деца до 13 години освои нашиот прилепчанец и државен првак, како и прв на македонската ранг листа во категорија за деца до 13 години, Мартин Ристески.

Младиот пингпонгар покрај медалот заработи и парична награда (100 евра) за освоеното 2 место. Турнирот беше организиран на високо ниво, а под целосно покровителство на веледрогеријата “Зегин” и нејзиниот сопственик Благој Механџиски кој е беровчанец.

Мартин е член на ППК Младост 96 од Прилеп и настапува како позајмен играч со двојна регистрација за ППК Студент од Скопје, екипа која оваа година ќе се натпреварува во Првата македонска пинг-понг лига.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.