Младиот Бикоски е иднината на прилепскиот ракомет (Видео)

22-годишното лево крило на РК Прилеп, Христи Бикоски сезонава блескаше на терените во ракометната Супер лига. Неговата игра и голови често пати беа пресудни за позитивен резултат на прилепската екипа која и наредната сезона ќе се натпреварува во најелитното ракометно друштво кај нас.

Своите ракометни почетоци Бикоски ги имаше во РК Макалоски кај екс репрезентативецот Гоце Макалоски, а потоа се пресели во школата на Вардар, па во екипата на Јуниор од Кисела Вода, а сега безрезервно ги брани боите на РК Прилеп.

Инспирацијата и гладот за ракометот кај него се зголемувал преку натпреварите на РК Вардар и РК Металург во Лигата на шампионите, а во главниот град стекнува големо ракометно знаење и искуство преку работата со врвни тренерски имиња.

“Моето мото е никогаш не се откажувај. Среќен сум тука во Прилеп и во мојот клуб каде најмногу напредував како личност и како играч, но секогаш може повеќе”, вели Бикоски.

Досега со екипите во кои настапувал има собрано 3 втори места на фајнал фор турнирите во младинска категорија, едно прво место со Вардар и МVP награда, а настапува и на многу турнири во Србија, Хрватска, БиХ и Словенија.

Во продолжение погледнете дел од неговите квалитети:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.