Младински Совет Прилеп испраќа 16 млади на стручно образование за млади во земјите од ЕУ

MSP_VET_ERASMUS+

Подобрување на вработливоста на младите луѓе и побрза транзиција од образование кон пазарот на трудот е основна цел на двонеделната посета на 4 Европски земји од страна за 16 млади, штотуку завршени среднисти, од Економското училиште „Кузман Јосифовски Питу“ од Прилеп.

Во наредниот период 16 млади од Прилеп ќе имаат можност да учат и се стекнат со практична работа на работно место во Грција, Хрватска, Португалија и Англија. За време на практичната настава учесниците ќе ги развијат своите вештини во полето на Маркетинг менаџмент, Сметководство преку методи кои што се користат во неформалното учење и практична работа во Центри за стручно образование и Бизнис компании во Европските држави.

f3f1193c44601a59341b2c1e884b9c00a54ebb8591acf0a5e453632ab7b97693

Проектот „Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ има за цел да ја поттикне синергија помеѓу формалното и неформалното образование и вработувањето на младите промовирајќи ги неформалните образовни институции како место за практична настава стекната во формалните образовни системи.
Миле Димкоски – координатор на проектот: “Преку овој проект ќе влијаеме на младите луѓе уште повеќе да станат свесни за потребата од стекнување на практични искуства и стекнување на вештини кои побрзо ќе ги донесат до пазарот на трудот. Со практичната работа во избраните Европски центри за стручно образование и бизнис компании овие млади ќе ги надградат своите способности и знаења за професионален и кариерен развој.“

MSP_VET_ERASMUS+_2

За време на престојот во Европските држави покрај практичната работа младите ќе имаат можност да се запознаат со нивни врсници но и културата и знаменитостите на државите преку викенд екскурзии. „Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ е мултилатерален проект изработен со учество на 4 партнери, поддржан од ЕУ програмата Еразмус + и Националната агенција за образовни програми и мобилност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.