Младинската организација при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп синоќа организираше настан во чест на нашиот ангел Тоше Проески.
Настанот се одржа во Кафе Вирус, каде беа изведувани песни од Тоше од страна на ученици музичари од училиштето.
“Сите ние израснавме со неговите песни, секоја негова песна си има свое место во нашите сеќавања, секоја негова песна не потсеќа на некој настан од нашиот живот, секоја негова песна си има своја приказна… Вечно ќе ги памтиме истите тие песни бидејќи беа испеани со љубов од Тоше, а љубовта е вечна. На овој ден, 16ти Октомври пред 9 години, Тоше загина во сообраќајна несреќа, но тој има само датум на раѓање и засекогаш ќе остани во нашите срца. За крај мојот краток говор ќе го завршам со зборовите што тој обожаваше да ги изговара. Ве сакам сите!”, го започна настанот Андреј Ристески, еден од организаторите на забавата.
[Best_Wordpress_Gallery id=”389″ gal_title=”ЗабаваТоше”]