Младата пејачка Мартија Станојковиќ која публиката ја памети по нејзините настапи на детското музичко шоу “Пинкови ѕвездички”, полека расте во вистинска убавица.
Мартија која неодамна го претстави спотот за песната на англиски јазик „Next to me“, пред неколку дена објави прекрасни фотографии, на кои таа позира на локалитетот познат како “Прилепско Памук Кале” во близина на селото Беловодица кај Прилеп.
Maртија во 2016 година ја претставуваше Македонија на детското евровизиско шоу кое се одржа во Валета, главниот град на Малта.
Во продолжение уживајте во најновото музичко дело на Мартија Станојковиќ:
ФОТО/ https://www.instagram.com/martijastanojkovic/