“Ми се закануваа дека ќе ми ги убијат децата” – Рамос откри низ каков пекол поминувал после финалето во Лигата на шампионите

Репрезентацијата на Шпанија играше на Вембли против Англија во првото коло од Лигата на нации, а во центарот на вниманието беше капитенот на гостинскиот тим, Серхио Рамос.

Навивачите на Ливерпул му немаа простено за потегот на Мохамед Салах во финалето во Лигата на шампионите, поради што Египќанецот заработи тешка повреда и со солзи на очите мораше предвреме да ја напушти играта.

Поради тоа Рамос за време на целиот меч беше под постојан удар на навивачите.

Рамос после финалниот меч беше обвинуван дека намерно ја повреди ѕвездата на Ливерпул. Со денови беше на удар на британските таблоиди, навивачите на социјалните мрежи, спортските експерти…. На мечот против Англија при секој допир со топката трпеше навреди и свиркања од страна на целиот стадион.

“Ги слушнав свиркањата, но се трудев да се изолирам, па сето тоа не влијаеше на мојата игра”, рече Рамос.

Капитенот на Реал Мадрид и Шпанија после мечот кажа неколку збора за настанот во финалето на Лигата на шампиони.

“Луѓето го гледаат само она што се случуваше на мечот. Не ги интересира дека моите деца и останатите членови на семејството добиваа смртни закани! За нив тоа е шега. Тоа е навистина чувствителна тема. Мојата совест е мирна. Јас веќе кажав тоа што имам за тој детал од мечот и немам повеќе што да додадам”, рече Рамос.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.